PEACE RUN

  • Peace Run Team Ny
  • Austrian Forest
  • Schools5
  • Indonesia Runners

Трка за Мир

Трката за Мир е глобална штафетна трка која не е од натпреварувачки карактер. Составена е од интернационален тим маратонци-волонтери и има за цел да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање. Подавајќи го факелот од рака на рака, трката поминува низ многу држави на различни континенти и на тој начин поврзува мнозина училишта, огранизации, градови и луѓе од различни националности и култури насекаде во светот.

Од основањето во 1987 година, Трката за Мир пропатува преку повеќе од 150 нации и ги допре животите на милиони луѓе. Порано позната како Трка за Светска Хармонија, Трката за Мир едноставно тежнее да создаде добра волја меѓу луѓето без разлика на сите наши различности. Со подавањето на факелот од рака на рака, трката им ја дава можноста на луѓето да ги изразат своите соништа и надеж за подобра и посветла иднина.

На Европскиот Континент, Трката за Мир се одржува секои две години, посетува 49 земји и претрчува 24.000 км.

Во Р.Македонија Трката за Мир се одржува од 1991 година. Во координација со Европската рута, Трката за Мир во Р.Македонија настојува да помине низ што повеќе општини, да поврзе што повеќе градови и факелот да стигне до што повеќе луѓе кои ќе ја пренесат својата искрена порака за мир.

„Мирот не значи отсуство на војна.
Мирот значи присуство на хармонија,
Љубов, задоволство и единство.
Мирот е преплавеност со љубов
Во светското семејство.“

                                   -Шри Чинмој