• Banner Apostle
  • Banner4
  • Banner Girls
  • Banner5slo
  • Banner Slo 7
  • Banner2slo
  • Banner5
  • Banner4slo
  • Banner7
  • Banner Int2
  • Hungary3

Шри Чинмој

За време на својот живот, Шри Чинмој беше меѓународно признаен за своите постојани заложби за обединување на луѓе од различни култури и социјални слоеви, со цел тие да земат учество кон градење на еден свет, кој е исполнет со мир и хармонија. 

Како атлетичар, филозоф, сликар и поет, Шри Чинмој го посвети својот живот на унапредување на идеалот за светски мир и светска хармонија.

Тој на динамичен начин ја следеше оваа визија низ уметноста, спортот и несебичното служење. Секогаш многу силно ја застапуваше идеата дека спортот игра моќна улога и е моќен инструмент за промовирање на глобална хармонија.

Во 1987та година Шри Чинмој ја основаше Трката на Мирот (Peace Run) како начин да се обединат граѓаните на светот за една глобална, но и суштинска цел. Од самите почетоци, Трката на Мирот пропатува низ повеќе од 150 земји и така ги допре животите на милиони луѓе. Во период од 2005 до 2013 година трката беше позната под името Трка за Светска Хармонија (World Harmony Run). Трката на Мирот нема цел за финансиски профит, ниту се обидува да истакне политички ставови и идеи, туку сака да им даде на луѓето шанса да ги изразат сопствените соништа и надежи за еден свет во кој ќе има се повеќе мир и хармонија.

Луѓе од сите социјални слоеви го држат факелот, кој е симбол за мир и хармонија со цел да посакаат подобра и посветла иднина. Овој чин на предавање на факелот од рака на рака не обединува во нашата заедничка аспирација да му понудиме нешто позитивно на светот – заедно ние може да го промениме светот!

Во јули 2005 година, Шри Чинмој даде коментар : „Светска хармонија, светски мир: тоа не се само безсмислени зборови од речник. Тоа е реалност, боженствена реалност и врвна реалност.”

„Нека пламенот на факелот на мирот
го огрее и разбуди
апсолутно секој граѓанин на светот.“

                                   -Шри Чинмој